Вредните раце на УЖ при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, приготвија “Фануриколач”(Фанурија), кој беше благословен од страна на свештенослужителите


Како и секогаш досега, а доследни на верата, традицијата и православието, УЖ при ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП, денеска, по повод празникот “Св.Фануриј”, во црквата “Св.Благовештение” присуствуваше на празничната богослужба во спомен на овој светител, кој се смета и за заштитник на учениците и студентите. На почетокот од новата учебна година, членките на УЖ го приготвија и “Фануриколачот” (Фанурија), кој откако беше благословен од свештенослужителите, беше прережан и разделен меѓу верниците за здравје и живот за сите.

Вистинското образование е да го исчистиме во себе Образот Божји, во нас секој човек да го препознае Образот Божји, во нашите дела да препознаат христијански дела, а особено по љубовта да нè препознаат и признаат дека сме Христови.

















