Започна полагањето на државна матура
Денеска матурантите ќе го полагаат првиот од двата екстерни испити. Станува збор за првиот предмет – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, кој е задолжителен за сите 15.620 матуранти кои што се пријавени за полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија.
Од вкупниот број пријавени, според податоците на Државниот испитен центар 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.
Имено, на 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит кој што е изборен.
Испитите ќе започнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори.
Оние матуранти што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август.