МВР “улови” еден битолчанец и двајца прилепчани како возат без возачка дозвола

Сподели го ова:





























Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и еден за управување на нерегистрирано возило.     
Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави