Мицкоски: Мерките на владата нема да помогнат, има пари за нашите предлози, само треба да престане да се краде

Сподели го ова:


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва гостуваше во емисијата ,,Само вистина” која се емитува на Канал 5 телевизија и зборуваше за мерките на владата кои нема да им помогнат на граѓаните. Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се однесува одговорно и свесно, секој чекор се анализира и секој предлог кој го даваат е предмет на една голема исцрпна дебата но власта нема слух, како што беше случај и со предлогот за покачување на пензиите за 20%.

– Ако не се краде има доволно, многу се краде. Зошто ние кажавме 20%? Од моментот кога е донесена измената во законот, мислам дека во декември 2018-та па до сега, тоа што им е одземено на пензионерите отприлика би резултирало со 20% поголема пензија од таа што е сега.
Ако го анализираме стандардот на пензионерите, ние предлагаме да ги зголемиме за 20% или еднократно на сите линеарно ако е просечната пензија негде над 15.000 денари, да ги зголемиме по 3000 денари сите пензии. Моментот кога се интервенираше во законот и кога практично едниот основ им се избрише, остане само едниот основ, на пензионерите овие 3 години им се скратија околу 20%. Така ние дојдовме до идејата 20% да зголемиме – не сакаат! Зошто? За да има повеќе пари за крадење, за тендери во 4 очи и злоупотреба најпрвин на вонредни ситуации кога беше ковидот, па сега на кризи итн – рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека и меѓународните финансиски институции во своите извештаи нотирале огромна нетранспарентност и злоупотреба во времето на вонредната состојба, како што се ММФ, Светска Банка итн.

– Резултатот на сето тоа е нови 600 милиони долг кој што го предвидува Фатмир Бесими за да може да ги покрие сите дупки. – додаде Мицкоски.





Сподели го ова:

Слични објави