ВОЗАТ КАКО ЛУДИ! Патничко возило „шевролет“ усмрти 48 годишен пешак

Сподели го ова:























На 09.12.2023 во 21.10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија – информира МВР.



Сподели го ова:

Слични објави