Полицијата во Прилеп казни повеќе возачи – љубители на “добрата капка”, а под дејство на алкохол управувале со моторно возило
Во текот на изминатата вечер (09/10.12.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 22 возачи. Од нив по 8 на територија на Прилеп и Битола по 2 во Ресен ,Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 14 други видови прекршоци – информира МВР.