СООПШТЕНИЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП: Утре во Старата прилепска чаршија, информативен караван на Министерството за здравство во соработка со УСАИД, УНИЦЕФ и СЗО
Врз основа на информациијата од Општина Прилеп, утре, сабота (22.10.2022) во периодот од 10:00 до 12:00 часот во центарот на Прилеп (Старата чаршија), Министерството за здравство на Република Македонија во соработка со УСАИД, УНИЦЕФ и СЗО ќе постави информативен караван за вакцинација против КОВИД-19 под мотото „Заштитени заедно, вакцините делуваат“.
Сите заинтересирани граѓани ќе можат да се вакцинираат на оваа локација и да добијат информации за важноста на имунизацијата – стои во соопштението на Општина Прилеп.