За брзо ќе слават оние “пијани” од љубов, и оние “пијани” од вино и ракија

Сподели го ова:
























Се приближува св. Трифун, и денот на вљубените. Името на 14 февруари ќе слават оние “пијани” од љубов, и оние “пијани” од вино и ракија. За неколку дена е големиот христијански празник св, Трифун. Името на светецот доаѓа од грчкиот збор τρυφή што значи мекост, нежност, деликатност. Св. Трифун е ранохристијански маченик кој денес е почитуван како од Православната на Исток, така и од Римокатоличката црква на Запад. Основни центри во Византија каде што започнува почитта и култот кон светиот маченик, се Константинопол и Мала Азија. Крстоносците во 1204 година го заземаат Константинопол, така што со нивното влегување градот бил ограбен и опожарен.

Покрај многуте бесценети работи, крстоносците ги земаат и моштите на св. Трифун и ги пренесуваат во Рим, па на тој начин неговата слава се раширува и на Запад. Најверојатно уште во Х век за прв пат започнува традицијата, св. Трифун да се нарекува покровител на земјоделците и лозарите.




Сподели го ова:

Слични објави