Во здраво тело – здрав дух! Ова се младите спортски прилепски таленти
Денес во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, со гордост Општина Прилеп им оддаде признание на нашите млади спортисти, кои со својата упорност, дисциплина и посветеност го покажаа вистинскиот дух на спортот преку натпреварите помеѓу училиштата.

Вашите успеси не се само лични достигнувања, туку и гордост за нашиот град, за Сојузот на училишен спорт и за вашите училишта и ментори кои секојдневно вложуваат во вашиот напредок.
Општина Прилеп останува посветена на создавање подобри услови за спорт и за поддршка на младите. Ќе продолжиме да го поддржуваме Сојузот на училишен спорт-Прилеп и да инвестираме во спортската инфраструктура, да поддржуваме вакви манифестации и да ви даваме мотив уште посилно да чекорите кон нови победи. Нека ова признание ви биде поттик за уште поголеми успеси! Ви посакувам многу спортски триумфи, исполнување на вашите соништа и продолжување на патот кон успехот. Честитки за сите вас! – порачаа од Општина Прилеп.
















