Во рамки на посетата на Елбасан, крушевскиот градоначалник Нико Чонески заедно со градоначалникот на Елбасан го означија почетокот на изградбата на новиот адреналински парк во Фунар

Сподели го ова:





























Во рамки на посетата на Елбасан, крушевскиот градоначалник Нико Чонески заедно со градоначалникот на Елбасан, Гледијан Љатја, го означија почетокот на изградбата на новиот адреналински парк во Фунар, значајна инвестиција што ќе придонесе за развојот на активниот туризам и ќе создаде нови можности за локалниот економски развој.

“Овој проект е дел од иницијативата „Крушево и Елбасан – патување во природа и авантура“, која претставува уште еден успешен пример за силната прекугранична соработка меѓу нашите две општини.

Со поддршка од Европската Унија, преку Програмата за прекугранична соработка, го унапредуваме туристичкиот потенцијал, создаваме нови можности за локален економски развој и дополнително ги зајакнуваме партнерството и пријателството меѓу Крушево и Елбасан.

Му благодарам на мојот колега Гледијан Љатја за гостопримството и успешната соработка, како и на сите партнери кои придонесуваат ваквите проекти да станат реалност.

Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да реализираме заеднички проекти кои ќе донесат одржлив развој, поголема конкурентност и подобар квалитет на живот за граѓаните од двете општини” – истакна Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави