ВО ВОЈНАТА, СЕКОЈА СТРАНА Е ГУБИТНИК: Украина и Русија ги разменија телата на загинатите војници

Украина ги прими телата на 99 загинати војници, а оваа информација ја објави денеска на својот профил на Телеграм – Координативниот штаб за прашања на воени затвореници во Киев. Од загинатитие војници, 77 се убиени во Доњецк, 20 во Запорожје и двајца во регионот Харков.
Исто така, Русија ги прими телата на 23 загинати војници, а веста е потврдена од страна на руска информативна страница, цитирајќи го пратеникот на Државната дума Шамсаил Саралиев.

















