Овој викенд сите во“ALTO Lounge Bar”-Lounge Bar кој што создава убави снежни спомени за сите генерации…

Сподели го ова:


Дел од информативниот тим на “STANICA.MK” како моментално најактуелен информативен портал во нашата земја, и портал кој што со официјална видео поддршка е поддржан од најголемите музички имиња (како што се Миле Кузманоски, Јоце Панов и многу други), секогаш соработува со нај-актуелните. А кога зборуваме за нај-актуелните, тука е и “ALTO Lounge Bar” на Станич во Крушево кој што е дел од луксузниот хотел “Панорама”-Крушево. Имено, “ALTO Lounge Bar” на Станич во Крушево претставува современ бар ко што нуди идеални – високо туристички услови, комоција, комфор, спокој, одлична храна и вистинско уживање во снежното Крушево.  “ALTO Lounge Bar” на Станич во Крушево исто така нуди одлични-високо квалитетни модерни услуги, a цената на пијалоците и храната која се нуди од страна на ALTO Lounge Bar е по пристапни минимални цени какви што нема ниту на едно друго место. Веднаш штом стигнавме во Крушево, се качивме на жичарата која е во склоп на Хотелот Панорама. Возејќи се со жичарата имавме навистина прекрасна глетка кон зимскиот снежен пејзаж во кој што единствено може да уживате само во убавото снежно Крушево. Веднаш штом стигнавме горе на Станич, снежната белина блескаше и се отсликуваше како вистинска снежна  магична слика благодарение на зимското јануарско сонце кое како нежен сјај се отсликуваше во снегот. Нашата информативна екипа се упати надолу по патеката низ која голем број на скијачи и деца со санки уживаа во снежната магија горе на Станич. Слегувајќи надолу, се упативме до “ALTO Lounge Bar” кој што е сместен во срцето на Станич, и истиот бар претставува современ Lounge Bar изграден во ултра модерен стил кој што нуди удобност на гостите кои уживаат во зимската магија. Токму во овој Lounge Bar на Станич, разговаравме и со Александар кој што е дел од тимот на ALTO Lounge Bar. Имено, Александар ни кажа дека речиси секој викенд од страна на “ALTO Lounge Bar”  се организираа журки кои што претставуваат вистинска атракција за туристите. Минатиот викенд овдека горе на Станич имало и денска забава за туристите во ALTO Lounge Bar, за која што биле задолжени  диџеј и музички бенд и истите направиле спектакуларна забава горе на Станич за сите гости кои биле присутни викендот кој измина. Како што ни соопшти Александар, и овој викенд ALTO Lounge Bar за своите посетители ќе овозможи вистинска забава која што ќе придонесе кон создавање на нови и уште поубави спомени за туриститие и гостите кои што ќе бидат во овој Lounge Bar-викендот кој што следи. Додека разговаравме со Александар голем број на туристи уживаа во удобностите и предностите кои ги има овој “Lounge Bar, како што се различни видови на кафе, повеќе видови на брза храна, вкусни италијански пици, и се разбира она што не може да се замисли Крушево, а тоа е традиционалниот надалеку познат “крушевски колбас”. И млади и стари, денеска уживаа во зимската магија во “ALTO Lounge Bar”… Некои пиеа кафе, некои чај, а некои изгладени од убавото скијање веќе ручаа од вкусната храна на “ALTO Lounge Bar”. Имено од оваа година Хотелот Панорама и ALTO Lounge Bar, одпочнаа со адреналин паркот кој што е направен од страна на Европска фирма, па така да паркот е квалитетно конструиран и изграден, при што врз основа на тоа поседува Европски сертификат за безбедност и сигурност. Во однос на паркот има и пирамида, како и патека за деца, патека за тинејџери и патека за возрасни. Скијачките терени се менаџираат од страна на хотелот Панорама, и истите се во нивна сопственост. И овој викенд DJ TOTSILLY ќе ги загрева сите скијачи со денска забава во ALTO Lounge Bar, при што сите патишта овој викенд ќе водат кон убавото снежно Крушево, односно кон Станич каде што е лоциран “ALTO Lounge Bar”. А доколку и Вие сакате да бидете дел од оваа дневна снежна забава на Станич, тогаш може да си резервирате маса за цело Ваше друштво на телефон 070/207-316, и да уживате во снежната убавина, одличните услови и топлиот амбиент кој што Ви ги нуди “ALTO Lounge Bar”-Станич во Крушево. Дел од информативниот тим на моментално нај-актуелниот информативен портал ќе биде дел од оваа забава овој викенд на Станич, при што во наредните изданија ќе Ви пренесеме и дел од убавата атмосвера која што ќе се случи овој викенд во “ALTO Lounge Bar”. Се гледаме сите овој викенд во  “ALTO Lounge Bar”-Lounge Bar кој што создава убави снежни спомени за сите генерации…

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 1 лице и скијање
Можно е да е слика од 11 луѓе, луѓе што стојат и луѓе што скијаат
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, луѓе во движење, надвор и толпа




Сподели го ова:

Слични објави