НЕВЕРОЈАТНО: За една недела, два пати ограбил иста обложувалница

Сподели го ова:























Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е BAD-DOG-POSTER-1-658x1024.jpg

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Разбојништво според член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 31-годишник, во два наврати на 1 и на 7 ноември, со употреба на сила и закана кон вработените кои во моментот биле на смена, ограбил иста спортска обложувалница. Првиот пат одзел 98.987 денари и избегал, а вториот пат од сефот одзел 244.470 денари.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и веројатност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е BAD-DOG-POSTER-1-658x1024.jpg


Сподели го ова:

Слични објави