ДЕНЕС ВО ПРИЛЕП: И старо и младо пред параклисот на св.Трифун се собрало
Во присуство на голем број наши сограѓани, денес се изврши одбележувањето на празникот Св. Трифун, во близина на месноста Склештен мост, Прилеп.
На денешното одбележување на празникот, кај овој параклис присуствуваа голем број на посетители.
Името св, Трифун доаѓа од грчкиот збор τρυφή што значи мекост, нежност, деликатност. Св. Трифун е ранохристијански маченик кој денес е почитуван како од Православната на Исток, така и од Римокатоличката црква на Запад. Основни центри во Византија каде што започнува почитта и култот кон светиот маченик, се Константинопол и Мала Азија. Крстоносците во 1204 година го заземаат Константинопол, така што со нивното влегување градот бил ограбен и опожарен. Покрај многуте бесценети работи, крстоносците ги земаат и моштите на св. Трифун и ги пренесуваат во Рим, па на тој начин неговата слава се раширува и на Запад. Најверојатно уште во Х век за прв пат започнува традицијата, св. Трифун да се нарекува покровител на земјоделците и лозарите.