|

Утрово, прилепчани ги разбуди “вистинска пролет во Јануари!”

Сподели го ова:


























Утрово, граѓаните во градот под Марковите Кули ги разбуди топло -пријатно време (посебно околу 09 часот изутринава), со температури кои не се својствени за овој зимски период од годината. Денеска низ Прилеп, се шири оној топол мирис кој го создава јуниот ветер кој што започнува да буди спомени за едно убаво време, каде мирисот на топлината беше помешан со оние најубави пролетни спомени кои говорат за едно убаво пријатно време…

Меѓутоа за пролетта има време, сега е зима, а најмладите очекуваат зимска покривка да го покрие градот, меѓутоа и покрај сите најави на дел од метеролозите дека годинава ќе имаме снег, снегот никако да ги израдува и задоволи надежите на децата.




Сподели го ова:

Слични објави