ВТОР ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО НАШАТА ЗЕМЈА-На “Беса Транс” ќе и се одземе лиценцата-изгорениот автобус не бил пријавен од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај

Сподели го ова:




По добиените информации од Министерството за внатрешни работи за опожареното возило, констатиравме дека истото не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски.  Согласно овој член од Законот,  превозникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, да го извести Министерството за транспорт и врски за сите промени настанати во поглед на исполнувањето на условите (ова значи пријавување и одјавување на возило или пријавување и одјавување на возач). Kонтролата и надзорот над превозот на патници и стоки во домашниот и меѓународниот патен сообраќај е надлежност на Државниот инспекторат за транспорт. При констатиран недостаток во работењето и по предлог на Државен инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски може да ја одземе лиценцата за работа на превозникот.   Бидејќи од досега добиените сознанија дека превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, врз основа на член 12 став 2 алинеја 1 од Законот за превоз во патен сообраќај, Министерството за транспорт и врски како надлежен орган, отпочна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот.   На вчерашната седенешната едница на Владата, Владата го задолжи Државниот инспекторат за транспорт за изврши вонреден иснпескици надзор.   

  





Сподели го ова:

Слични објави