Градоначалникот на Општина Новаци беше дел од конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО)
Вчера се одржа Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Југозападниот и Пелагонискиот регион, на која присуствуваа градоначалникот на Општина Новаци – Стевче Стевановски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, Ане Лашкоска, заменик министер за животна средина и просторно планирање, како и повеќе градоначалници од Општините од нашата земја.

Формирањето на МОУО од страна на градоначалниците од двата региона е процес поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска и претставува важен чекор во насока на модернизација на управувањето со отпад и усогласување со европските стандарди.
Соработката помеѓу двата региона денес претставува јасен показател дека државата се движи чекор поблиску до почисти општини, поквалитетни јавни услуги и поодговорен пристап кон заштитата на животната средина.















