|

На 24.02.2023 цело Кавадарци на стендап шоу на Никола Тодороски

Сподели го ова:


























По барање на кавадаречката публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски доаѓа во Кавадарци.

Станува збор за најновиот стендап на Никола Тодороски “Да болиТ”, за кој со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи. 

Ова е човекот кој ги полни салите низ Македонија по 3-4 пати. Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Штип и каде ли уште не, каде и да се појави се бара “билет повеќе”. Сето ова е доказ дека Никола Тодороски е ЦАРОТ НА СТЕНДАП НАСТАПИТЕ ширум Македонија, а веќе извесен период неговите настапи се бараат и во Србија.

По барање на кавадаречката публика, веќе е закажан најголемиот стендап спектакл во големата сала на Домот за култура во Кавадарци на 24.02.2023 година со почеток во 18-30 часот, сала која што со сигурност ќе биде претесна за да ги собери сите заинтересирани, бидејќи еве како што не информираат од продукцијата, постојано се бара билет повеќе за настапот на Никола Тодороски во Битола.

Доколку и Вие сакате да бидете дел од најголемиот стендап спектакл кој ќе се случи во петок на 24.02.2023 година во Кавадарци, тогаш телефоните во рака и додека сеуште има билети резервирајте си на 076/ 499-226 и овозможете си ВИСТИНСКО СТЕНДАП УЖИВАЊЕ – какво што не сте виделе до сега!

Се гледаме на стендап! Ама на вистински стендап, каков што сеуште немате видено!!!

Не дозволувајте никој во животот да ве “Ве молзи”, време е за “СМЕЕЊЕ ДО СОЛЗИ”!!!




Сподели го ова:

Слични објави