ФОТО: ПРИЛЕП ОСТАНА ПОЛУ-ПРАЗЕН: Граѓаните заминаа на летни годишни одмори

Градот под Марковите Кули остана полу-празен, а причина за тоа е што поголемиот дел од прилепчани заминаа на летен годишен одмор. Ова неделно утро, тишината и сликата од полу-празниот град доминираше во центарот на градот, а и во православните христијански храмови немаше голем број на верници за време на денешната неделна литургија, за разлика од минатите недели кога црквите беа преполни. Иста-слична слика преовладуваше и вчера вечерта, каде исто така очигледна беше глетката дека градот остана речиси празен.
Како и да е, поголемиот дел од прилепчани кои се одлучија да летуваат за време на “топ летната сезона”, сега некаде одмараат покрај езеро или море, и уживаат во својот заслужен годишен одмор, кој со нетрпение секое семејство го очекува. Летото создава убави спомени, меѓутоа и покрај ситуацијата со која сите ние се соочуваме, треба да се опуштиме, да уживаме, и да собереме нови сили за новиот работен период кој веќе од есен ќе следи пред сите нас…