Во Прилеп се одржа 13-тата Интернационална Конференција за економија, бизнис, општество и дигитализирана средина
Денеска во Прилеп се одржа 13-тата Интернационална Конференција за економија, бизнис, општество и дигитализирана средина, која се одржа во просториите на Економскиот факултет во Прилеп.
Овој значаен настан собра истакнати научници, истражувачи и професионалци од различни области, кои споделија свои знаења и искуства за актуелните предизвици и трендови во економијата и дигиталниот свет. Конференцијата понуди одлична можност за вмрежување, размена на идеи и соработка со врвни експерти.
Секоја чест за ваквите настани кои ја поттикнуваат дискусијата за иднината на нашето општество и бизнис секторот!