СЕКОЈА ЧЕСТ! Со Маџиров како директор, работите во НУЦК “Антон Панов” течат успешно и непрекинато!

Сподели го ова:


























Откако Драган Маџиров ја презеде директорската функција во НУЦК “Антон Панов” – Струмица, работите течат “како подмачкани” и се движат во вистинската културна насока, впрочем онака како што заслужува струмичката публика! Со неговото успешно менаџирање, на репертоарот секогаш има некој културен настан или атрактивна претстава, а сето тоа го забележува струмичката публика која за Маџиров вели дека е вистински човек на вистинско место!

Дека тоа е така, се увери и нашата информативна редакција. Имено, Маџиров во јавноста е познат како повеќегодишен активен културен работник со непрекинато искуство во областа на уметноста и културата. Со неговото назначување за директор, Маџиров внесе една нова позитивна енергија во НУЦК Антон Панов, со помош на која доста успешно се справува со менаџирањето на претставите и културните настани. Преку неговото умешно менаџирање, на струмичката публика на располагање и е богат театарски репертоар и квалитетни културни програми, врз основа на кои се зголемува бројот на културни содржини во општина Струмица.




Сподели го ова:

Слични објави