“СОЛЗИ ПРАВАТ ЗЛАТЕН ПРСТЕН”: Вчера во Крушево и небото плачеше заедно со фановите на Тоше
Вчера цел Балкан тагуваше за Тоше, кој точно пред 18 години загина кај Нова Градишка -Хрватска. Неговото родно Крушево и неговите фанови, вчера му оддадоа почит на неговото вечно почивалиште.
Колку за потсетување, Тоше на 05.10.2007 година на градскиот стадион во Скопје, го одржа својот последен концерт, а 10-тина дена после тоа, загина во сообраќајната несреќа која се случи во Хрватска.

















