ВЕТУВАЊЕТО ИСПОЛНЕТО: Започнува исплатата на еднократна парична помош на семејствата за секое новороденче во Општина Прилеп

Сподели го ова:


Врз основа на предизборната програма на градоначалникот Борче Јовчески во делот на социјална заштита, предвидено беше да се доделува еднократна парична помош во висина од 6000 денари на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп.

Тоа што беше ветено од градоначалникот, во новата година веднаш станува реалност.

Имено после донесувањето на „Програма за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп за 2022 година“ која што беше изгласана во Советот на Општина Прилеп, го најавуваме овој значаен проект кој што дополнително ќе им помогне на сите млади родители во Прилепскиот регион.

Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семесјтвата за обезбедување на соодветни услови за новородените деца, исто така ќе влијае и на поттикнување на наталитетот а со тоа и зголемување на природниот прираст во нашата општина.

За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари.

Средства за секое новородено дете ќе се добиваат преку поднесување на Барање од страна на родителите кое што заедно со копија од лични карти на родителите и нивна копија од жиро сметка ќе треба да се достават во Локалната самопуправа на Општина Прилеп.

Барањето кое што треба да се потполни можете да го преземите на следниот линк, а  исто така можете да го најдите на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk/ во полето Е-УСЛУГИ, или истото да се потполни при самото поднесување на документите во локалната самоуправа.





Сподели го ова:

Слични објави