|

Постојано се бара место плус, меѓутоа потполнети се сите места за учество на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022

Сподели го ова:
















Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Како што соопштуваат од организацијата на фестивалот, потполнети се сите места за учество на годинешното четврто фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја. Меѓутоа, како што наведуваат од страна на организацијата на фестивалот, постојано се ѕвони на телефонскиот број од продукцијата на Весели Ѕвончиња, и се бара место повеќе за да се настапи на годинешното фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022, меѓутоа како што истакнавме претходно сите места се пополнети. Од продукцијата на фестивалот истакнуваат дека “сите заинтересирани за учество кои не успеаа временски да стигнат за да се дел од годинешното фестивалско издание, веќе од средината на мај самите тие, како и сите други останати заинтересирани ќе можат да се пријават за учество на фестивалот за во 2023 година“.Оваа година на сцената во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, публиката ќе има можност да слушне голем број на НОВО-КОМПОНИРАНИ ДЕТСКИ ПЕСНИ, кои ќе бидат изведени во детскиот и во тинејџерскиот блок на фестивалот, фестивал кој од минатата година од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”.Градот Прилеп е особено горд, зашто има детски музички фестивал кој што претставува МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД, бренд кој што е прогласен од страна на публиката како резултат на квалитетот на неговите песни. Како што знаете, станува збор за нај-актуелниот детски музички фестивал каде што пеат деца од цела наша земја. До сега на фестивалот имаат настапувано деца од повеќе градови како што се од Прилеп, Скопје, Радовиш, Крушево….. Секоја година, овој фестивал создава нови детски и тинејџерски хитови, кои постојано се пуштаат во поединиечните музички детски блокови секое утро на телевизиите во нашата земја.







Сподели го ова:

Слични објави