Денеска во Битола право на глас имаат над 140 болни и немоќни лица
Општинската изборна комисија (ОИК) во Битола информира дека утрово во 07 часот започна гласањето во двата домови за стари лица и во битолскиот затвор.
Во изјава за медиумите, претседателот на ОИК Игор Талевски посочи дека денеска ќе гласаат и 141 болни и немоќни лица.
















