Во Прилеп е регистриран најголем морталитет на случаеви од Ковид 19
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови низ државата. Најголем дел регистрирани се во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Битола, додека највисок морталитет е регистриран во Прилеп, а веднаш зад Прилеп следуваат Охрид и Кавадарци. Ковид 19 е сеуште присутен во нашата земја и светот, при што се поставува прашањето колку вакцините помагаат во однос на заштита на населението, и колку населението ги почитува заштитните протоколи за заштита од Ковид 19.