Во похумани затворски келии ќе живеат 100 затвореници од затворот “Идризово”! Пуштено е во употреба реновираното „петто“ одделение
Во употреба конечно се пушти реновираното „петто“ одделение во затворот Идризово. Во новото одделение, ќе се префрлат 100 затвореници од преполнетиот дел на т.н. “амбуланта”. Како што истакна Александар Пандов, зградата во која е сместено петтото одделение, потекнува од 1946 година, но во 2019 година со наредба од Комитетот против тортура, одделението било затворено поради нечовечки услови.

Реновирањето на одделението кое е од затворен тип, сега овозможува дополнителен капацитет за вкупно 100 затвореници со 100 нови кревети и душеци, а процесот на реновирање е финансиран по пат на донации.

Во договор со директорот Зоран Јовановски, за неполн месец се пристапи и е сосема реновирано. Ставени се старо нови кревети, меѓутоа, има нови душеци. Она што е најважно, сега имаме дополнителен капацитет за 100 затвореници, а со тоа ќе ја постигнеме главната поента на критичниот дел од т.н. амбуланта, каде што е преполнето, ќе бидат префрлени во петто крило, и дополнително, приемното одделение, каде што е претесно, ќе бидат, исто така, префрлени во петтото крило – истакна Александар Пандов.


















