Проданоски и директорите на брифинг средба со претставниците на медиумите

Сподели го ова:





























Транспарентноста и отворената комуникација со јавноста се основа за градење доверба со граѓаните!

Денеска прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски одржа брифинг средба со претставниците на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и јавните општински установи разговараа за сите актуелни теми поврзани со работењето на Општина Прилеп.

“Целта на ваквите средби е преку медиумите граѓаните навремено да добиваат проверени, точни и официјални информации за сите активности, проекти и предизвици со кои се соочуваме како локална самоуправа.

Ќе продолжиме да работиме во оваа насока преку транспарентен и отворен пристап, затоа што информираните граѓани се најважен партнер во развојот на нашата општина” – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави