Во петок, средношколците и студентите на протест пред МОН
Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите ОДАС најавува предупредувачки протест во петок пред Министерството за образование и наука.
Целта е да се слушнат средношколците, да се истакне значењето на нивните ставови околу државната матура и да се забрза носењето на соодветно решение – стои во известувањето на ОДАС – Организација за дијалог и афирмација на средношколците.