СО НОВАТА ПЕСНА РУШИ РЕКОРДИ: Песната на прилепчанецот Филип Николоски постојано се врти на радио станиците
Пред неколку дена, бевме први кои објавивме за најновата песна на Филип Николоски, а сега исто така повторно први ги сумираме впечатоците на слушателите во однос на неговата најнова објавена песна.
Поминаа само неколку дена откако прилепчанецот Филип Николоски ја објави својата трета песна “Само на добро нека е”, а песната веќе руши рекорди, и истата постојано се врти на радио станиците. Прилепските граѓани коментираат дека ова е уште еден “вистински полн погодок” на прилепчанецот Николоски.
Филип, пред неколку години го издаде своето првенче, песната “Тебе те нема”, песна за која што музиката и текстот ги напиша Гоце Илиески Балада, додека пак аранжманот беше на маестро Рубин Димкоски. Како резултат на големиот успех и популарност на младиот и талентиран Филип Николоски кој го достигна со оваа песна, овој прилепчанец потоа издаде уште еден нов летен музички хит и песната “Вози-вози ме”.
Филип пред неколку дена на својот роденден, Николоски официјално ја објави својата нова песна преточена преку видео запис. Станува збор за песната “Само на добро нека е” која со сигурност веќе го освојува внимание на секого. Во оваа песна како автор на текстот се јавува Душко Темелкоски, додека пак како автор на музика и аранжманот се потпишува маестро Рубин Димкоски, и истата песна е снимена во неговото “R Music studio”, музичко студио каде што снима речиси целата естрада, како што се Миле Кузмановски, Тајфата, Гоце Балада, како и голем број на други истакнати музички имиња од нашата естрада.