ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ, анкетата на американскиот ИРИ покажува дека историски најниски 18 проценти мислат дека државата оди во правилна насока

Сподели го ова:


Анкетата на американскиот институт ИРИ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните. Ова значи дека владата на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски води штетни политики и народот бара промени.

Само 18% од граѓаните мислат дека Македонија се движи во правилна насока и ова е историски најлошиот резултат на доверба од граѓаните на било која влада досега. Тоа покажува дека власта на Ковачевски ќе биде казнета на следните избори, затоа што народот виде дека се неспособни и неодговорни. Тенденцијата покажува дека власта катастрофално ќе изгуби, затоа што со секој изминат ден ја пропаѓаат државата се подлабоко.
Резултатите од анкетата претворени во изборни резултати, значат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ со околу 100 илјади гласови разлика. Граѓаните со оваа власт на СДСМ не живеат подобро, стандардот им пропаѓа поради високата инфлација и поскапувањата, но и поради криминалот и корупцијата кои ги јадат буџетските пари. Заради криминалот на СДСМ и ДУИ граѓаните плаќаат скапо, а ништо не добиваат за возврат од државата.





Сподели го ова:

Слични објави