Северина ги пречека македонските фудбалери, а тие и подарија македонски дресови со нејзиното име

Сподели го ова:


























Фудбалската репрезентација на Македонија веќе е во Хрватска, каде што веќе во понеделник ќе се судри со хрватската фудбалска селекција. Станува збор за пријателски меч ќе биде еден од двата во јунскиот репрезентативен циклус.

Веднаш откако македонските фудбалери пристигнаа во Ријека, таму имаа срдечен дочек од музичката ѕвезда Северина, која си доби и посебен подарок. За хрватската ѕвезда ФФМ изработи дресови со нејзиното име, а дресовите на Северина ѝ беа врачени од страна на Столе Димитриевски и Александар Трајковски.




Сподели го ова:

Слични објави