Честитка по повод празникот Свети Климет Охридски

Сподели го ова:
















Честитка по повод празникот Свети Климет Охридски, денеска упати и прилепскиот градоначалник Јовчески: Денска се одбележува празникот Свети Климент Охридски – Чудотворец  кој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња,  тој станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Општина Прилеп на сите православни христијани им го честита празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.

Градоначалник на Општина Прилеп

Борче Јовчески







Сподели го ова:

Слични објави