| |

Најдобриот прилепски бенд, утре вечер ќе ги забавува прилепчани на камената бина како дел од проектот “Од нула до култура”

Сподели го ова:
















После богатата музичка агенда со настапи ширум цела наша земја, прилепскиот, но сепак светски музички бенд “The Four” утре вечер ќе има свој музички настап во родниот Прилеп, односно на камената бина во центарот на Прилеп како дел од манифестацијата “Од нула до култура” .



Примарна цел на овој проект е да се влијае врз публиката со квалитетна музика, но и да обезбеди забава на отворен простор во летните месеци. Меѓутоа, успешната реализација ќе овозможи истиот да прерасне во иднина во едно случување од поголеми размери со обезбедување на повеќе средства во програмата.

Како и да е, очигледно е дека утре вечер со почеток од 21 часот, прилепчани ќе имаат можност да уживаат во одличниот музички репертор кој што го изведуваат членовите на “The Four”.



Сподели го ова:

Слични објави