Во Кавадарци на 28.10.2023 ќе се случи најголемиот детски спектакл!!!

Сподели го ова:


























Конечно и во Кавадарци да се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена! Станува збор за театарската претстава за деца “Трите музички прасиња”, која што по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија!!! По барање на кавадаречката публиката, закажана е оваа атрактивна детска претстава на 28.10.2023 година (САБОТА) во големата сала во Домот за култура во Кавадарци со почеток од 12h.

Овој детски музички спектакл, ќе биде изведен на големата сцена со професионални маски и одлична изведба на волкот и трите музички прасиња, кои претставата ќе ја збогатат со голем број на новокомпонирани детски песни специјално направени за оваа претстава, па врз основа на тоа слободно може да се каже дека оваа претстава е и мјузикл каде што во еден глас заедно ќе се радуваат сите деца во Кавадарци.

После одиграните претстави во Скопје, Куманово, Прилеп и Битола (и тоа по неколку пати во еден град по барање на публиката), овој пат, честа ја имаат кавадарчињата со нивните родители, кои на 28.10.2023 (сабпта) со почеток од 12h ќе го проследат мјузиклот со волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во оваа детска музичка претстава со професионални маски.

Резервации преку повик 24/7 на телефон: 078/66-77-97

Бројот на карти е ограничен! 




Сподели го ова:

Слични објави