НАШАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА! Цел еден век од изградбата на црквата св.Петка во населбата Црниче

Сподели го ова:


























Во преполниот храм на црквата св.Петка во населбата Црниче, вчера верниците присуствуваа на светата литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и македонското свештенство. Овој храм, кој се наоѓа во подножјето на планинита Водно, во населбата Црниче во Скопје, во 1904 е поставен камен темелник за изградба, посветен на преподобна Параскева-Петка.

За 20 години бил изграден прекрасен Божји дом. Постои камен плоча на која може да се прочита дека храмот бил довршен и осветен на 3 септември 1923 година. Живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време Димитар Андонов Папрадишки. Во 1924 година, комплетно го завршил зографирањето и иконографијата на храмот.

Црквата е молитвен дом на многу православни христијани кои преку верата во Бога и молитвите на Света Петка добиваат исцеление на многу душевни и телесни болести.

Денес, 100 години подоцна, сведочиме на еден прекрасен јубилеј.

Нека е за многу години и нека таму, во Божјите храмови се шири љубов и сплотува нашиот народ!




Сподели го ова:

Слични објави