Во населбата Жабино Маало традиционално се прославува празникот „Св. Никола“

Сподели го ова:


Градоначалникот Борче Јовчески и Претседателот на Совет на Општина Прилеп  Дејан Проданоски денеска беа присутни на традиционалната прослава на празникот „Свети Никола“ во населбата Жабино Маало. Секоја година жителите од оваа прилепска населба  еден ден пред празникот „Св. Никола“, со богата  посна трпеза и  топли напитоци и со желби за успех го слават патрониот празник на Прилеп.

Градоначалникот Јовчески  го честиташе христијанскиот празник Св. Никола посакувајќи здравје, среќа и бериќет во домовите на сите граѓани. Воедно ја искористи приликата да ги покани сите прилепчани за утрешната прослава на патрониот празник на Прилеп. Одбележувањето ќе започне со Свечена божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“, а централниот настан по традиција се одржува кај параклисот во центарот на градот, кога ќе биде прережан славскиот колач и означен новиот домаќин за следната година.





Сподели го ова:

Слични објави