|

Прилеп никогаш нема да те заборави! Почина Николче Здравески, прилепската фудбалска гордост

Сподели го ова:






























На 54-годишна возраст почина прилепската фудбалска легенда на ФК Победа, Николче Здравески. На социјалните мрежи, граѓаните и фановите на ФК Победа упатуваат последен поздрав до оваа голема спортска легенда. Здравески беше сопруг и татко на две деца.

Во текот на својата долгогодишна спортска историја, Здравески беше дел од оној најпознат состав на ФК Победа, односно она незаборавно легендарно спортско време кога ФК Победа играше против Перуџа во 1999, и против екипата на Парма во 2000 година.

Беше прогласен за најдобар играч и за најдобар спортист на Прилеп за 2004 година, а во сезоната 2006/2007 година Здравески ја предводеше ФК Победа како тренер, при што токму овој период ја доби титулата за најдобар тренер во нашата земја.

Си замина човекот кој што со целосна љубов живееше и се бореше за фудбалот, и човекот кој што остави неизбришлив траг во прилепската фудбалска историја.

Вечна слава!

Прилеп нема да те заборави!

Почивај во мир!




Сподели го ова:

Слични објави