Цели 750 години постои Манастирот “св.Никола” во с.Манастир-Мариово

Сподели го ова:


Манастирот “св.Никола” во с.Манастир-Мариово претставува христијанско светилиште кое постои точно 750 години. Без разлика кога ќе заминете во Манастирот “св.Никола” во с.Манастир-Мариово, со искрена-чиста христијанска љубов ќе Ве пречека монашкото-гостопримливо братство од манастирот, со кој раководи Архимандрит-Отец Никола, кој воедно е и духовен отец на голем број на луѓе кои доаѓаат кај него од цела земја, а и пошироко. Ваквата доверба на луѓето кон отец Никола е резултат на неговата голема продуховеност и дар кој што му е даден од Бога, за да помогне при решавање на секој проблем со кој што се соочува човекот во текот на неговиот живот, како и да го насочи човекот кон правиот-христијански пат.Манастирската црква започнала со градба во 1095 година, додека пак нејзината денешна градба датира од 1266 година. Меѓутоа врз основа на  подоцнежните истражувања се знае дека манастирската црквата била возобновена во 1271  година, од кога постои целиот живопис со натписите во неа. Интересен е фактот што оваа година црквата “св.Никола” која е во склоп на овој манастир слави 750 години од нејзиното возобновување.

Секој посетител, секој добронамерник во овој манастир е добредојден. Веднаш штом ќе влезите во манастирот ќе Ве пречека отец Никола заедно со Отец Јоаким и Отец Теодор кои сите заедно го сочинуваат монашкоот братство во овој манастир. Благодарение на игуменот на манастирот-Отец Никола кој раководи со овој манастир од 2007 година (бидејќи до тогаш овој манастир е речиси целосно заборавен), започнуваат голем број на активности за санација на манастирот, како и враќање на монашкиот живот. Исто така изграден е и нов манастирски конак, а во тек се голем број на проекти во однос на уредувањето на дворот од манастирот, црквата и слично.Околу манастирот природната божја убавина претставува вистински рај за душа, надополнет со големиот спокој што го нуди манастирската средина и божјата благодат која што се чувствува во овој манастир-веднаш при првиот чекор штом влезете.Дојдете во овој манастир, ќе си запалите свеќи за здравје, ќе си се помолите на Бога, ќе си поразговарате и ќе размените мисли со монашкото братство, а воедно ќе си ја одморите душата на која ќе и пружите таков спокој и мир-каков што Вашата душа до сега нема почувствувано, бидејќи станува збор за големо духовно христијанско светилиште.





Сподели го ова:

Слични објави