|

ЦСЛУ ве поканува на вечер на владеење на славниот витез Зоран Кардула и неговите елегантни цивилизирани креативни решенија

Сподели го ова:























Адмирал Акбар, овој пат не е во право, ова не е стапица и империјата навистина го возвраќа ударот, бидејќи силата е во слогата на локалната заедница.

Центарот за современа ликовна уметност и заедницата ве покануваат на вечер на владеење на славниот витез Зоран Кардула и неговите елегантни цивилизирани креативни решенија, зачнати во култната и за многумина, омилена повеќедецениска сага „Војна на ѕвездите“.

Вечерта на интерактивна трансформација, музичка инспирација, интергалактичка дискусија и мини-гастрономска модификација ќе се одржи во просториите на ЦСЛУ-Прилеп, на 10-ти Октомври, со почеток во 20 часот.

За силата да остане со нас, освен ЦСЛУ-Прилеп и витезот Кардула, ќе се потрудат и Orengs со холограмите, Александар Џинго, Звонко Димоски, дуото ВолЧело, Трет Сектор и бродовите на Бавчика.

Ве покануваме да се појавите со вашите омилени ѕвездено-воени реквизити и модни додатоци, да ги споделите вашите омилени ликови и фрази, а сите витези да се појават со своите светлечки мечеви. 



Сподели го ова:

Слични објави