Во интерес на своите ценети клиенти, “Авто Контрол” ќе работи и утре (недела), од каде граѓаните ќе можат да ги подигнат налепниците со ознаката “НМК”

Станицата за технички преглед “Авто Контрол” од Прилеп како општетсвена одговорна компанија, повторно им излегува во пресрет на своите потрошувачи, а посебно на оние кои имаат неодложни патувања – надвор од нашата земја во кои спаѓаат и сите иние компании на кои што превозот на стока и патници им е примарна дејност. Имено, утре 11.02.2024 година (недела) ќе работат од 10 па се до 16 часот. Врз основа на ова, сите оние кои што имаат потреба, ќе можат да подигнат налепници со ознаката “НМК” во Авто Контрол – Прилеп.
Налепниците доцна попладнево пристигнаа во станиците за технички преглед, па “Авто Контрол” – Прилеп како надалеку позната општествено одговорна компанија, им излегува во пресрет на своите клиенти и ќе работи утре од 10 до 16 часот.
Колку за потсетување, сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, заклучно со 12 февруари треба да ги заменат со новиот код НМК.