Беше настан за паметење! Успешно заврши правата “Хард Ендуро трка” во Македонија во организација на Хард Ендуро клубот од Прилеп

Сподели го ова:





























Денеска, успешно заврши правата “Хард Ендуро трка” во Македонија. Оваа “Топташ Родео трка- 2025” беше во организација на Хард Ендуро клубот од Прилеп.

Во текот на целиот ден имаше голем број натпреварувачи и тоа 23 во “ПРО” и 7 во “ФАН КЛАСА”. Благодарение на одличната адреналинска трка, денешниов ден ќе биде запаметен како еден мошне возбудлив ден каде имаше навистина силна конкуренција, и вистинско уживање како за возачите – така и за публиката која особено уживаше во највозбудливиот момент од денот, а тоа беше големото Супер финале.

Во прилог погледнете кои се победниците:

ШАМПИОН НА Топташ Родео 2025

FAHRUDIN BAJRAMOSKI👑🏆🥇

ПОБЕДНИК во ПРО КЛАСА

1 . Fahrudin Bajramoski🏆🥇

2. Porcha Nuran🥈

3. Ado Canoski🥉

Победник во ФАН КЛАСА

1 . EnEs Mem – Pajakot. 🥇

2. Jakup Jakupi 🥈

Детални информации , резултати, видеа од најинтересните случувања и фотографии од настанот очекувајте во наредниве денови. Ви Благодариме на сите за учеството и честитки од срце до сите победници” – порачаа организаторите.




Сподели го ова:

Слични објави