Крваво заврши уште една семејна веселба во кичевско: Гостин пукал со пиштол при што тешко ранил малолетничка и уште две други лица

Сподели го ова:


























Утрово, околу 03 часот по полноќ, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишија од слобода Б.У.(46) од с.Бачишта, кој што претходно, на семејна веселба во селото неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“. Во несреќата, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка -сите од селото Бачишта, се здобиле со повреди и биле веднаш пренесени во Итната медицинска помош во Кичево.

Пиштолот бил во сопственост на неговиот татко Р.У.(64) кој го поседувал со дозвола.

Од страна на лицето Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола.

По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото/илустрација




Сподели го ова:

Слични објави