ВО ДУХОТ НА ВЕРАТА И ТРАДИЦИЈАТА: Младите коледарчиња ќе ги дарува прилепскиот градоначалник
И оваа година традиционално Општина Прилеп се приклучува на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање – Божиќ!
Во сабота на 06.01.2024 во 10:00 часот, ги поканувам сите дечиња на Камената бина во центарот на Прилеп од каде што ќе започнеме со симболично дарување. Пеејќи ја песната „Вечниот бог“ поворката ќе продолжи низ старата чаршија. Како што самите ангели кога се родил Христос најавиле „Радувајте се, слава на Бога во висините“ така и дечињата ни претставуваат радост и ни кажуваат да се радуваме за раѓањето на вечниот Бог.За многу години! – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.