ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БОЖИКНИОТ КОНКУРС ОРГАНИЗИРАН ОД ХРАМОТ „СВ. ПЕТКА“

Сподели го ова:


























Почитувани учесници на Божикниот награден конкурс при храм „Св. Петка“,

Ве известуваме дека прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе биде на 06.01.2024 г., односно в сабота на Бадник со почеток во 11:30 часот во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп.

На отворањето на настанот ќе настапи и солистичката група „Reborn of Byzantium“.

Утрото на Бадник ќе биде отворена и уметничката изложба на која ќе бидат претставени ликовните и дел од литературните творби.

Бидејќи организациониот одбор одлучи да не ги открие порано добитниците на наградите, се замолуваат сите учесници да бидат лично присутни на чинот на прогласувањето и доделувањето на наградите заради збогатување на настанот и за да можат наградените да ги примат наградите како и наградата која ќе ја добие секој учесник на Божикниот конкурс.

На настанот ќе присуствуваат и учесниците во Бадниковата поворка!

Доколку, според најавите, дозволат временските услови, настанот ќе се одржи под отворено небо односно на платото пред храмот – истакнуваат од црквата св. Петка од нас. Точила




Сподели го ова:

Слични објави