Во чест на човекот со ангелска душа: Меморијален Боила Куп “Никола Зисов” – Крушево 2026

Сподели го ова:





























Меморијален Боила Куп “Никола Зисов”

Со голема тага, но и со огромна почит кон неговиот лик и дело, ве покануваме да земете учество на меморијалниот риболовен натпревар на Крушевското Езеро, посветен на нашиот другар.

Тој беше човек со големо срце, искрен пријател и вистински вљубеник во природата и риболовот. Неговата насмевка, добрина и другарство засекогаш ќе останат во нашите сеќавања.

Да се собереме, да му оддадеме почит и да го зачуваме споменот на него онака како што тој најмногу сакаше – покрај езерото, со пријателите.

Нека му е вечна слава и светол спомен. Никогаш нема да биде заборавен.

Информации за натпреварот:
Котизација: 4000 денари
Техника: Боила
Ловни трски: 4
Траење на натпреварот: 52 часа
Максимум екипи: 8
Пријавување на екипи во коментар на објавата или во порака.

Котизацијата се уплаќа на жиро сметка:
200004352889930
Име: Х.З

Сите оние кои што сакаат да го поддржат настанот или да донираат средства за истиот, контактирајте не во порака.




Сподели го ова:

Слични објави