Погледнете! Ова е листата на уметници кои ќе ги забавуваат прилепчани во новогодишната 7 дневна програма од “Прилепска празнична приказна”
Со големо задоволство денес ја објавуваме програмата за годинашното издание на „Прилепска празнична приказна“, настан кој оваа зима ќе го претвори нашиот град во вистинска празнична сцена, исполнета со светлина, музика, детска радост и заедништво.

“Посебна благодарност упатуваме за учеството и коорганизацијата на нашата реномирана и општествено одговорна компанија „Витаминка“, која во наредната година ќе одбележи 70 години успешно постоење. Овој значаен јубилеј е потврда дека кога локалната самоуправа и домашните компании се обединети околу вистински вредности, резултатите се видливи и значајни за сите граѓани. Со овој нов, а сепак традиционален концепт, кој симболизира зближување, заедничка дружба и празнична радост, воведуваме и еден дополнителен автентичен момент – Новогодишниот базар, со 7 големи дрвени, празнично уредени куќарки, во кои ќе бидат понудени храна, пијалоци и ракотворби, создавајќи ја онаа препознатлива атмосфера, симбол на големите европски новогодишни базари. Културно-уметничката и музичката програма, како и Новогодишниот базар, ќе бидат отворени секој работен ден од 17:00 до 21:00 часот, а за време на викендите со целодневна програма. Ги поканувам сите прилепчани, како и сите граѓани на Македонија, да бидат дел од оваа празнична магија во Прилеп, да уживаат во богатата програма и заедно да создадеме спомени што ќе не обединат и внесат во новата година со насмевка и позитивна енергија. Прилеп заслужува убава приказна. Добредојдовте во „Прилепска празнична приказна“!” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
Во прилог, погледнете ја целосната листа на уметници кои ќе ги забавуваат прилепчани:
















