Прилепската Гимназија и Касарната „Мирче Ацев“ одбележаа 81 година од загинувањето на својот патрон

Сподели го ова:

Одбележан патронот на Гимназијата и Касарната „Мирче Ацев“!

Прилепската Гимназија и Касарната „Мирче Ацев“ одбележаа 81 година од загинувањето на својот патрон, еден од првите борци од Македонија со одликување на народен херој и човек кој што има голем придонес во борбите за националното ослободување на македонскиот народ. Мирче Ацев, загинува во 1943 година, ѕверски мачен и убиен од бугарскиот фашистички окупатор.

Во спомен и во чест на патронот на Прилепската Гимназија и на Касарната во Прилеп, делегации Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, касарната „Мирче Ацев“, претставници од Сојузот на борци од Прилеп, положија цвеќиња во Алеата на Могилата на непобедените и на бистите на народниот херој поставени во дворот во Гимназијата „Мирче Ацев“ и во дворот на касарната „Мирче Ацев“.

Во чест на својот патрон празник, армискиот артилериски состав во касарната „Мирче Ацев“ одржа свечена програма а професорите и учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп одржаа свечена академија во театарот „Војдан Чернодрински“.

„ Прилепската Гимназија претставува образовна институција за почит и сигурен сум дека подготовката на квалитетни кадри од вашето училиште позитивно ќе се одрази на потребите на нашата општина и општеството во целост.

Почитувани професори и ученици, ве уверувам дека поддршката од Локалната самоуправа секогаш ќе ја имате и ви посакувам на сите во иднина дa имате уште повеќе успеси во работата и учењето и успешна реализација на проекти во воспитно -образовниот процес.“ – истакна градоначалникот Јовчески пред присутните.



Сподели го ова:

Слични објави