Положување на крстот имаше и во 16 прилепски населени места
Денес е голем празник, Водици или Богојавление, денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Крштевање кое уште се нарекува и духовно раѓање и претставува една од повеќето свети тајни на христијанството. Ден кога традиционално се собираме за овај чин на свето фрлање на крстот и осветување на водите, а освен во црквата Свето Благовештение ваков свет чин, денес имаше и во уште 16 други населени места во општина Прилеп.
“Секаде имавме претставници од Општината, освен лично јас и претседателот на Совет, вклучени се и сите советници, а за сите учесници на денешниот чин имаме симболични и пригодни подароци. Во оваа прилика сакам да им го честитам празникот на сите мои сограѓани, на претставниците на црквата, на свештените лица, на нашата Македонска Православна Црква, на Преспанско-Пелагониската Епархија и впрочем на сите православни христијани и на сите Македонци. На пронаоѓачот на светиот крст Марко Ристески од Прилеп, му посакувам да го следи многу среќа него и неговото семејство, да имаат добро здравје, мир и бериќет, исто така многу здравје и среќа до сите оние пронаоѓачи на светиот крст секаде во населените места во општина Прилеп. Денес испраќаме порака да останиме здрави и живи, да ги пребродиме сите премрежја со кои се соочуваме како народ и како држава и со верба во Бога да останиме сплотени и цврсти во намерата дека мораме да останиме свои на своето и да имаме просперитет во оваа нова година. Нека ни е за многу години празникот, Бог се јави! – истакна Јовчески.