Во Битола, учесниците од фестивалот “Весели Ѕвончиња” беа главните музички ѕвезди на “Kids Music Fest”
Секое дете, своја искрена сказна – безгрижно си плете… И ете, така е и во оваа наша музичка – детска бајка која што ќе се случи во Битола. Станува збор за третото издание на големиот детски музички хепенинх “KIDS MUSIC FESTIVAL”, кој е дел од годинешниот БИТ ФЕСТ на кој специјално за најмладата битолска публика настапија голем број на детски музички ѕвезди од цела Македонија, кои специјално за најмладите битолчанчиња синоќа допатуваат во убавата Битола. Ѕвездите од прилепскиот детски музички фестивал “Веселите Ѕвончиња” беа главни ѕвезди на вечерта во Битола на третото издание од популарниот “Kids Music Fest”.

Синоќа во градскиот парк во Битола имаше голема детска дружба, весели детски музички хитови, како и вистинска релаксација за присутните родители, бидејќи најголема релаксација за родителите е кога гледаат дека нивните деца се задоволни и среќни.
















